26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАФеноменално откритие во ЦЕРН: Пронајдени три досега непознати „егзотични“ субатомски честички

Феноменално откритие во ЦЕРН: Пронајдени три досега непознати „егзотични“ субатомски честички

Научниците пронајдоа три досега непознати субатомски честички во Големиот хадронски судирач (LHC), објави во вторникот Европската организација за нуклеарни истражувања (CERN).

LHC е кружен подземен тунел долг 27 километри во кој субатомските честички се забрзуваат и се судираат со цел да се тестираат нивните својства и да се откријат нови. Во LHC е пронајден Хигсовиот бозон, кој се смета за важен дел од формирањето на универзумот по Големата експлозија пред 13,7 милијарди години, пишува Reuters.

Научниците од ЦЕРН сега објавија дека забележале нов тип на „пентакварк“ и првиот пар „тетракварк“, додавајќи ги на листата на нови хадрони пронајдени во LHC.

Тие ќе им помогнат на физичарите да разберат како кварковите се вклопуваат во сложени честички.

Кварковите се елементарни честички кои се комбинираат во групи од два или три кваркови за да формираат субатомски честички како што се протоните и неутроните.

Поретко, тие се формираат во поголеми групи, со четири или пет кваркови – таканаречени тетракваркови и пентакваркови.

Колку повеќе анализираме, толку повеќе видови егзотични хадрони наоѓаме, вели Нилс Тјунинг во соопштението. Сведоци сме на период на откривање сличен на педесеттите, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП