19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСКОПСКО SMOOTH ЈА ЛАНСИРАШЕ Smooth ON - Свежа музика на само клик...

СКОПСКО SMOOTH ЈА ЛАНСИРАШЕ Smooth ON – Свежа музика на само клик од тебе

Пивото што е синоним за младост, бунт, слобода и свежина, ја продолжува својата автентична приказна со лансирањето на музичката платформа Smooth ON

СКОПСКО Smooth  ги собира на едно место луѓето што со децении ја креирале, дефинирале и живееле музичката сцена, за да ги пронајде, поддржи и промовира најсвежите и најоригиналните домашни артисти.

Лансирањето се случи на најсоодветното место за промоција на македонската музика –Д-Фест во Дојран каде  преку отворена панел дискусија во СКОПСКО Smooth катчето отворено се дискутираше за македонската музичка сцена со Тошо Филиповски, Гоце Саф, Филип Николовски и Огнен Стојановски.

Панел дискусијата покажа дека постои потреба често и отворено да се зборува на оваа тема, да се изложуваат предизвиците и да се креираат решенија, но клучната порака и заклучок е дека имаме сцена која има огромен креативен и творечки потенцијал и која треба да се поддржи.

Наскоро целата дискусија ќе биде објавена на Smooth ON, a во меѓувреме ве покануваме да ја слушнете музичката селекција на нашите панелисти која само докажува колку е богата, разновидна и прогресивна македонската музичка сцена.

Вклучи се и слушај свежа музика!

Линк: https://www.smoothon.mk/

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП