28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗастрашувачка снимка од напаѓачот од Копенхаген: Снимен како шета низ трговскиот центар...

Застрашувачка снимка од напаѓачот од Копенхаген: Снимен како шета низ трговскиот центар со пушка(ВИДЕО)

Пукањето во трговскиот центар во данската престолнина Копенхаген, во кое во неделата беа убиени најмалку три лица, не е терористички чин, објави во понеделник главниот полициски инспектор Сорен Томасен.

Најмалку три лица загинаа во нападот во неделата во данската престолнина, а четворица се тешко повредени. Убиени се две 17-годишни момчиња од Данска и еден 47-годишен Русин кои живееле во таа земја.

Томасен за ТВ2 изјави дека напаѓачот, кој бил уапсен без отпор, пукал во луѓе по случаен избор.

„Во истрагата, документите или изјавите на сведоците нема индиции дека би можело да се работи за тероризам“, нагласи инспекторот и рече дека е рано да се зборува за мотивите на напаѓачите.

Данските медиуми објавија дека се работи за 22-годишен „етнички Данец“ кој дејствувал сам. Томасен рече дека напаѓачот и во минатото барал психијатриска помош.

Неговите објави на социјалните мрежи во кои позира со оружје, симулира самоубиство и зборува за земање лекови препишани од психијатар, но „кои не функционираат“, пренесува агенцијата Франс прес.

Пукањето се случило околу 17:30 часот по локално и средноевропско време, предизвикувајќи паника. Кога одекнале првите истрели, околу стотина луѓе се упатиле кон излезот, покажува снимката. Други се сокриле во трговскиот центар каде имало поголем број посетители бидејќи во блиската сала требало да се одржи концерт на британскиот пејач Хари Стајлс, кој подоцна бил откажан.

Откажан е и настанот што требаше да го означи крајот на првиот дел од велосипедската трка Тур де Франс, чиј домаќин требаше да биде данскиот принц, а како гостинка данската премиерка Мете Фредериксен.

Според изјавите на сведоците за данските медиуми, осомничениот се обидел да ги намами жртвите велејќи дека неговото оружје е лажно, за да ги натера да му пријдат. „Беше доволно психопат да лови луѓе, но не трчаше“, изјави очевидец за јавната телевизија ДР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП