25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Berkshire Hathaway“ купи уште 9,9 милиони акции во „Occidental Petroleum“

„Berkshire Hathaway“ купи уште 9,9 милиони акции во „Occidental Petroleum“

Компанијата на Ворен Бафет, „Berkshire Hathaway“ објави дека купила уште 9,9 милиони акции на „Occidental Petroleum“, со што го зголемува својот удел во нафтениот гигант на 17,4%, пренесува „Reuters“.

„Berkshire“ плати околу 582 милиони долари за хартиите од вредност што ги стекна во периодот од средата до петокот минатата недела, според поднесоците до Комисијата за хартии од вредност на САД.

Компанијата на Бафет е најголемиот акционер во „Occidental“, која веќе поседува 163,4 милиони акции во вредност од 9,9 милијарди долари. Нејзиниот удел е околу 60% поголем од оној на „Vanguard“, вториот по големина акционер, според податоците на „Refinitiv“.

Покрај тоа, „Berkshire“ има налози за купување на уште 83,9 милиони акции од „Occidental“ за 5 милијарди долари.

Цената на акцијата на „Occidental“ се зголеми повеќе од двојно во оваа година, благодарение на купувањата на „Berkshire“, како и на зголемените цени на нафтата по руската инвазија на Украина.

Инвестицијата на „Berkshire“ предизвика пазарни шпекулации дека конгломератот со седиште во Небраска на крајот би можел да го купи целиот „Occidental“.

Во документот од 23-ти јуни, аналитичарот на „Truist Securities“, Нил Дингман, предвиде дека има „големи шанси“ за преземање од страна на „Berkshire“. Тој рече дека таквиот потег ќе помогне да се диверзифицира енергетското портфолио на компанијата на Бафет.

„Occidental“ го намалува својот долг, кој порасна кога ја купи „Anadarko Petroleum Corp“ за 35,7 милијарди долари во 2019-та година.

„Berkshire“ купи 10 милијарди долари вредни акции на „Occidental“ за да помогне во финансирањето на договорот и ги обезбеди налозите во тоа време.

Покрај тоа, конгломератот на Бафет имаше удел од 25,9 милијарди долари во нафтената компанија „Chevron“ до крајот на март.

Цената на акциите на „Berkshire“ е намалена за 8% оваа година, во споредба со падот на S&P 500 од 20%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП