25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИлјадници граѓани кажаа "НЕ" за францускиот предлог

Илјадници граѓани кажаа “НЕ” за францускиот предлог

Илјадници луѓе излегоа денеска на протест пред зградата на владата на Македонија, изразувајќи го незадоволството од Француската предлог.

Пред владата, грѓаните порачаа дека на Францускиот предлог треба да се каже „НЕ“ и да се отфрли.

Граѓаните категорично се спротивставија на намерата на владата да го прифати и потпише францускиот предлог кој, како што беше истакнато е катастрофален за македонскиот народ и македонските национални интереси

„Нема да биде претерано ако заклучам дека ЕУ отворено поддржува поделба на црни и бели. Токму затоа оваа понуда од страна на ЕУ на Франција и на Бугарија, за мене како Македонка е неприфатлива. Не за ЕУ!“, кажа една од говорниците. Неприфатлива треба да биде и за оние што треба да го прифатат овој француско-бугарски предлог и да го стават во заложништво својот народ и својот идентитески столб, македонскиот јазик. Само и само да се оствари вековниот великобугарски сон“, кажа една од говорниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП