19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовите автомобили се со сѐ полош квалитет

Новите автомобили се со сѐ полош квалитет

Новите автомобили имаат се повеќе дефекти, покажува годишното истражување на организацијата за заштита на потрошувачите „J.D. Power“.

Истражувањето е спроведено со 84.165 американски купувачи на автомобили, но исто така е значајно на глобално ниво.

Резултатите од истражувањето за задоволство никогаш не биле толку лоши. Истражувањето покажало дека се констатирани 180 проблеми на 100 автомобили, односно во просек по 1,8 проблеми по автомобил.

Ова е зголемување од 11 отсто во однос на претходната година. Ова е и најлошиот резултат откако е спроведена анкетата. Во претходните години, доверливоста се зголемуваше секоја година.

„Со оглед на многуте предизвици со кои требаше да се соочат автопроизводителите и дилерите во текот на изминатата година, донекаде е изненадувачки што квалитетот на новите возила не се намали драматично“, рече Дејвид Амодео, директор за глобална автомобилска индустрија во „J.D. Power“.

Производителите на автомобили лансираат возила кои се технолошки посложени од година во година во кои имало многу недостиг на критични компоненти. Најистакнати се проблемите со чиповите.

Премиум моделите доаѓаат со најмногу проблеми. Кај овие модели има повеќе технолошки иновации отколку кај поевтините автомобили. Исклучоци со добри резултати се „Lexus“ и „Genesis“.

Најголем дел од проблемите се со инфозабавните системи. Системите за помош при возење, исто така, често предизвикуваат проблеми. Особено се издвојуваат системите за престој на сообраќајната лента. Електричните модели и „plug-in“ хибридите се почувствителни од автомобилите само со мотор со внатрешно согорување. „Tesla“ има подобри резултати од другите електрични автомобили.

Американската истражувачка компанија „J.D. Power“ ја проценува доверливоста на новите автомобили веќе 36 години. Истражувачите го следат бројот на дефекти кои се јавуваат во првите 90 дена од сопственоста за сите модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП