28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата го објави предлогот на француското претседателство

Владата го објави предлогот на француското претседателство

Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата денеска на официјалната веб-страница интегрално го објави предлогот на француското претседателство, соопштија владините служби.

Може да се види на следниот линк https://vlada.mk/node/29432

„Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од денеска е достапен за јавноста и ставен на широка консултација, која почна утрово со состанок на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, со членовите на владината коалиција“, информираат владините служби.

Во текот на денот и во следните денови, како што појаснуваат, Владата продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП