26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПо четири години „Apple“ ја враќа верзијата „iPhone Plus“?

По четири години „Apple“ ја враќа верзијата „iPhone Plus“?

Во текот на есента оваа година, „Apple“ треба да ја претстави серијата „iPhone 14“, која ќе вклучува четири модели.

Претходните информации сугерираа дека меѓу презентираните телефони ќе се најде и „iPhone 14 Max“, кој би требало да ги има истите спецификации како и стандардниот „iPhone 14“, се разбира со поголем екран. Сега се поставува прашањето дали ова ќе биде официјалното име на телефонот.

Според „свиркач“ од Јужна Кореја, со прекар Ланзук, објавил информација за постоењето на споменатиот телефон, но и дека ќе се појавува со друго име. Според неговите сознанија, телефонот ќе се вика „iPhone 14 Plus“, а ќе биде украсен со истите спецификации како оние што му се припишуваат на моделот „iPhone 14 Max“.

Доколку информацијата е точна, тоа ќе биде првпат „Apple“ да го користи суфиксот „Plus“ по моделот „iPhone 8 Plus“ од 2017-та година. Истиот извор вели дека „iPhone 14 Pro Max“ нема да го смени името во „iPhone 14 Pro Plus“.

Некои други извори веќе се спротивставуваат на овие тврдења, сугерирајќи дека тоа нема да биде името на телефонот и претходно го споменаа моделот „iPhone 14 Max“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП