Од денеска поскапува струјата. Почнува пресметката на блок тарифите кои се поделени во четири групи и според најавите од Регулаторната комисија за енергетика, оние кои трошат повеќе струја ќе плаќаат поскапи сметки.
Од РКЕ уверуваат дека за 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти. Не се очекуваат ниту рестрикции на струја, иако не очекува тешка зима, рече вчера министерот за економија Крешник Бектеши.

