27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАLG ја претстави својата паметна правосмукалка

LG ја претстави својата паметна правосмукалка

lgp1

Компанијата „LG Electronics“ го претстави својот најнов „робот“ – новата правосмукалка „Smart Hom-Bot Square“.

„Smart Hom-Bot Square“ ви нуди значителни подобрувања во техниката на чистењето благодарение на „LG Corner Master“ функцијата, а опремена е и со иновативната смарт технологија која вклучува „Smart Control“, „Cleaning History“, „Smart Diagnosis“, како и опцијата за ажурирање на софтверот, која им овозможува на корисниците од далечина да ја управуваат со помош на смартфон.

lgp2

„LG Smart“ правосмукалката е направена така што таа чисти темелно и ефикасно благодарение на функцијата „Corner Master“ која вклучува користење на две долги четки, сензор за детекција на ќошеви, како и специфичен облик на овој уникатен уред.

Сензорите за детекција и овозможуваат на правосмукалката да исцрта точна мапа за вашиот дом, како и опцијата сама да се сврти кога ќе дојде до некој агол во внатрешноста.

lgp3

Оваа правосмукалка можете да ја контролирате едноставно, преку вашиот смартфон. На вашиот смартфон можете да следите колку простор исчистила таа и до каде е со работа, исто така има и 90 гласовни команди со кои можете да ја повикате вашата правосмукалка, да ја насочите на некое одредено место или да ја исклучите и да ја пратите на своето место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП