29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ „Whirlpool“ се повлекува од Русија, игнорирајќи ги загубите од 300-400 милиони...

И „Whirlpool“ се повлекува од Русија, игнорирајќи ги загубите од 300-400 милиони долари

Американскиот производител на апарати за домаќинство „Whirlpool“ е уште една западна компанија која се повлекува од Русија, јасно е од соопштението на компанијата до американската Комисија за хартии од вредност (SEC). Операцијата ќе се изврши преку продажба на имотот во Русија на турски „Arçelik“.

Договорот ги вклучува сите активности на „Whirlpool“ во Русија, вклучително и фабриката во Липецк, како и трговската единица во Казахстан и други земји од ЗНД.

Компанијата очекува загуби од излегувањето од рускиот пазар во износ од 300-400 милиони долари, што ќе се одрази во финансиските извештаи за вториот квартал од годината. Договорот се очекува да биде финализиран во третиот квартал од годинава по добивањето на сите регулаторни одобренија, вклучувајќи го и начинот на плаќање.

Според „Whirlpool“ до „SEC“, трансакцијата ќе биде во форма на одложени плаќања за период од 10 години, чија вредност е ограничена на нето вредноста на средствата, а тие во моментов се проценуваат на околу 220 милиони евра.

По реализацијата на зделката, фабриката во Липецк ќе продолжи да произведува апарати со брендовите „Indesit“, „Hotpoint“ и „Stinol“.

„Whirlpool“ уште во март објави дека го намалува производството во Русија поради војната на Москва во Украина. Малку подоцна, компанијата ги намали прогнозите за продажба во оваа година и најави стратешка промена на својот бизнис во Европа, Блискиот Исток и Африка (EMEA), потсетува „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП