24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРесторанот на Рене Реџепи ја забележа првата загуба по четири години

Ресторанот на Рене Реџепи ја забележа првата загуба по четири години

„Noma“, ресторанот во Копенхаген, а кој е во сопственост на познатиот готвач со македонско потекло, Рене Реџепи и кој постојано ја освојуваше титулата најдобар во светот, во 2021-ва година забележа загуба за прв пат по четири години, дури и откако доби поддршка за Ковид-19 од данската влада, пишува „Bloomberg“.

Според документите доставени до данските власти, ресторанот пријавил нето загуба од 1,69 милиони круни (240.000 долари) по генерирање на мал профит во 2020-та година. „Noma“ доби 10,9 милиони круни од владата откако земјата воведе блокади поради пандемијата.

„Noma“, кој нуди мени за ручек од зеленчук со вино за околу 700 долари по човек, моментално е број еден на листата на 50 најдобри ресторани во светот. Оваа награда ја има освоено вкупно пет пати, а има и три Мишелин ѕвезди.

Последен пат „Noma“ направи загуба во 2017-та година, кога Реџепи го затвори ресторанот на речиси една година за да направи промени во него. Ресторанот исто така планира привремено да се затвори во Копенхаген оваа година и да оди на турнеја во други земји пред да почне со работа во 2023-та година.

„Под овие услови, резултатите на компанијата и економскиот развој се задоволителни. Компанијата очекува подобри резултати за годината што следи“, велат од „Noma“ во финансискиот извештај за 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП