Пред пикот на летната сезона, А1 Македонија со големо задоволство најавува воведување нова исклучително поволна понуда за корисниците во мобилната телефонија креирана да одговори на корисничките потреби за зголемено количество мобилен интернет, сурфање на социјалните мрежи и нуди уште повеќе придобивки додека се во странство.
Имено, најпопуларните и најкористените дополнителни пакети за роаминг од денеска вклучуваат уште повеќе интернет за безгрижно уживање во летото и безброј споделени спомени преку социјалните мрежи, дури и додека корисниците се надвор од границите на нашата држава.

