23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИнвеститорите во „Microsoft“ бараат поголема даночна транспарентност на компанијата

Инвеститорите во „Microsoft“ бараат поголема даночна транспарентност на компанијата

Инвеститорите кои управуваат со средства вредни повеќе од 350 милијарди долари го повикуваат „Microsoft“ да објавува потранспарентни даночни и финансиски информации, додека технолошкиот гигант се повеќе е критикуван ширум светот поради даночните прашања, пренесува „Reuters“.

Резолуцијата на акционерите за даночната транспарентност е поднесена до „Microsoft“ пред годишното собрание на акционери во текот на оваа година, тврди организаторот на акцијата – британската „Pensions & Investments Research Consultants“ (PIRC).

Инвеститорите, вклучувајќи ги „Nordea“, „AkademikerPension“ и „Greater Manchester Pension Fund“, ја поддржаа резолуцијата, соопшти „PIRC“.

Тие ја повикуваат компанијата да објави финансиски и даночни информации специфични за земјата надвор од домашниот американски пазар, за да можат инвеститорите да проценат дали компанијата плаќа правичен дел од даноците и да ги идентификуваат сите ризици што ги носат даночните реформи.

Резолуцијата, исто така, го повикува „Microsoft“ да креира извештај за даночна транспарентност, во согласност со даночните стандарди на „Global Reporting Initiative“.

Слична резолуција е поднесена кај технолошкиот гигант „Cisco“, пренесува „PIRC“.

Во мај, инвеститорите гласаа за резолуција за транспарентност на годишниот состанок на инвеститорите на „Amazon“, но оваа и другите резолуции на инвеститорите не добија доволно поддршка за да се усвојат.

Од компаниите „Microsoft“ и „Cisco“ не беа веднаш достапни за коментар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП