Во „Брако“ е во тек реализирањето на феријална практична настава за повеќе наставни програми во рамките на проектот Дуално образование. Учениците од овој модел на образование се идниот обучен кадар подготвен за вклучување во производствените технолошки процеси.
Современата технологија, машините и опремата во кои „Брако“ во континуитет инвестира, овозможува беспрекорно реализирање на ова стручно образование по германски модел каде во комбинацијата на теоријата и праксата посебен акцент се става токму на практичната обука во компаниите.



