Турција нема да се приклучи на западните санкции против Русија, воведени поради кризата во Украина, изјави портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.
„Ние не воведуваме санкции и нема да им се придружиме. Мораме да внимаваме на нашите интереси. Ако сите уриваат мостови, тогаш кој ќе разговара со Русија“, изјави Калин во синоќешното интервју за телевизијата Хабертурк.
Русија: Не пукавме во цивилни цели во Киев, цел беше воена фабрика
Русија тврди дека наводите дека вчера во Киев била погодена станбената зона se „лажни вести“ и дека на мета била фабриката за производство на проектили.
„Се работи за фабрика за производство на оружје, која беше цел како воена инфраструктура“, соопшти руското Министерство за одбрана, потсетувајќи дека истата фабрика била цел на напад во април.
Путин планира да ги посети Таџикистан и Туркменистан
Рускиот претседател Владимир Путин оваа недела ќе ги посети Таџикистан и Туркменистан, поранешни советски држави во Централна Азија, објави руската државна телевизија. Тоа ќе биде прво патување на рускиот лидер во странство откако нареди напад на руските сили врз Украина.
Зеленски: На Украина и треба моќна модерна ракетна одбрана
Претседателот на Украина Владимир Зеленски изјави дека на Украина и е потребна моќна и ефикасна противракетна одбрана. Во видео-обраќање, откако Русија вчера истрела проектили на повеќе локации во Украина, Зеленски рече дека некои од проектилите се соборени, но дека на Киев му е потребна моќна противвоздушна одбрана, пренесува Интерфакс. Целосно ефикасно, што може да обезбеди целосна заштита од овие проектили. За ова разговараме секој ден со партнерите. Веќе има некои договори. Партнерите треба да бидат побрзи ако се навистина партнери, а не набљудувачи“, нагласи Зеленски.