29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИ „Facebook“ копира од „TikTok“

И „Facebook“ копира од „TikTok“

Иако нема најголем број на корисници, сите знаат кој е актуелниот крал на социјалните мрежи. „TikTok“ е собиралиште на помладите генерации и сите знаеме дека светот (интернетот) останува со младите.

Поради тоа, ветераните би можеле да се најдат во неволја доколку не продолжат, а се чини дека по социјалната мрежа „Instagram“, и „Facebook“ сака да биде како „TikTok“. Според информациите на порталот „PetaPixel“, „Facebook“ подготвува една голема промена во стилот на својот источен конкурент.

Големата промена која „Facebook“ ја воведува во функционирањето на својата социјална мрежа е начинот на кој објавите им се презентираат на корисниците. Досега, кога ќе го отворите „Facebook“, прво ќе ги видите објавите на луѓето или страниците што ги следите, како и кои ве интересираат. Зарем тоа не е целта на една социјална мрежа – да видите што прават луѓето што ги познавате.

Сепак, „TikTok“ не функционира на тој начин и станува се попопуларен. Затоа, што да правиме освен да го смениме целиот алгоритам за препорака на содржина на корисниците. Во иднина, „Facebook“ повеќе нема да ви носи „фид“ полн со содржина од вашите пријатели и оние страници што ги следите, туку приоритет ќе биде на сервисирање на популарни содржини, прво преку „Reels“.

Според Тим Алисон, кој беше дел од внатрешен меморандум кој го најде својот пат до јавноста, „Facebook“ ќе почне да се фокусира на препорачување популарни содржини, без разлика дали доаѓа од луѓе со кои сте пријатели. Дополнително, планирано е повторно поврзување на главната платформа и апликацијата „Messenger“, со цел „Facebook“ да се направи што е можно порамномерен со мрежата „TikTok“ во однос на основната функционалност. Во февруари оваа година, „Facebook“ го претстави „Reels“, одговор на кратките видеа популаризирани од „TikTok“. Оттогаш се повеќе се става акцент на ваквите видеа, додека сега алгоритмот ќе ги препорача на се поголем број корисници. Кому му е гајле ако воопшто не сакате да го гледате, сепак ќе ви биде пред очи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП