Македонската компанија за здрава храна Виталиа потпиша меморандум за соработка со Технолошко Металуршки факултет. Соработката ќе има пред се научно-едукативен карактер и ќе подразбира взаемна вклученост во изработка на научноистражувачки проекти и изготвување на експертски анализи. За таа цел ќе бидат формирани експертски тимови во кој ќе бидат вклучени студенти, професори од факултетот, технолози и останати стручни лица од Виталиа.
За студентите ова претставува исклучителна можност за практична едукација, и од сам почеток да бидат вклучени во техничко технолошки процес за добивање здрав производ. Тоа за нив отвора можност за изработка на идни дипломски, магистерски и докторски трудови, и здобивање на искуства кои можат многу да им помогнат во понатамошната кариера.


