4 октомври, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИ сега нешто сосема поинакво: Дебитираше новиот „Peugeot 408“ (ФОТО/ВИДЕО)

И сега нешто сосема поинакво: Дебитираше новиот „Peugeot 408“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Peugeot“ го претстави новиот „408“, кој за разлика од некогашниот седан, сега припаѓа на се попопуларната купе-кросовер класа. Официјално категоризиран како фастбек, „Peugeot 408“ има неконвенционален изглед, сличен на „Citroen C5 X“. Со овој модел, „Peugeot“ влезе во нов автомобилски сегмент.

Автомобилот ја користи најновата верзија на механичката платформа на „Stellantis“ – „EMP2“, која ја дели со моделите хечбекот и караванот „308“, но „Peugeot“ тврди дека тоа е пософистициран производ поставен „на самиот врв на C-сегментот“.

Со должина од 4.687 милиметри, новиот модел со значката „лав“ е нешто подолг од караванот „308“. Ширината на возилото е 1.859 mm, а висината е 1.478 mm, додека меѓуоскиното растојание е 2.787 mm.

Клиентите имаат на располагање алуминиумски тркала со големина до 20 инчи, кои се достапни во најскапите верзии.

Багажникот има основна зафатнина од 536 литри, а по преклопување на задните седишта може да порасне до 1.611 литри.

Поради својот поелегантен профил, „Peugeot 408“ можеби нема да може да се совпадне со практичноста што ја нуди „308 SW“, но оние кои ќе се одлучат за овој автомобил ќе бидат среќни да жртвуваат дел од капацитетот на багажот за стилот што го добиваат.

Од друга страна, внатрешноста во голема мера е префрлена од „308“. Ова не е нужно лоша работа бидејќи внатрешноста на кабината изгледа како да е преземена од концепт и/или некој луксузен автомобил.

Има пар екрани од 10 инчи и типично мал волан на „Peugeot“. Фантастичен „Focal“ звучен систем со 10 звучници (вклучувајќи сабвуфер) беше развиен во текот на три години специјално за новиот „408“.

„Peugeot“ првично ќе го продава новиот „408“ во две „plug-in“ хибридни опции. Двете верзии се со погон на предните тркала, опремени со осумстепен автоматски менувач и електричен мотор кој произведува 109 коњски сили (81 kW).

Она што ги издвојува е моќта на 1,6-литарскиот турбо бензинец, бидејќи овој мотор е достапен во опции со 150 и 180 ks.

Со комбинирана моќност на мотор со внатрешно согорување и електричен мотор, помалиот „PHEV“ произведува 180 ks (133 kW) и 360 Nm вртежен момент.

Помоќната варијанта ја зголемува вкупната моќност на 225 ks (165 kW) додека го одржува истиот максимален вртежен момент.

Подоцна, основниот модел ќе се нуди со помал, трицилиндричен 1,2-литарски бензински мотор кој нуди 130 ks (96 kW) и 230 Nm вртежен момент. И тука силата се испраќа на предните тркала преку осумстепен автоматски менувач.

„Peugeot“ не планира да понуди дизел, но на повидок е чисто електрична верзија.

Новиот „408“ се очекува да пристигне во европските салони на почетокот на 2023-та година, кога ќе започне склопувањето во Франција, во фабрика во Мулхаус.

„Peugeot“ има намера да го понуди автомобилот на клиентите и во Кина, со локализирање на производството во фабриката во Ченгду. Предвидено е „EV“ моделот да пристигне неколку месеци по варијантите „SUS“ и „PHEV“.

https://www.youtube.com/watch?v=MFV_bfH0cY8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП