13 октомври, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Nike“ целосно го напушта рускиот пазар

„Nike“ целосно го напушта рускиот пазар

Американскиот производител на спортска облека „Nike“ целосно ја напушта Русија, три месеци откако го прекина својот бизнис таму, наведува компанијата на својата веб-страница.

„Nike“ на 3-ти март објави дека привремено ќе ја прекине работата во сите свои продавници во Русија во сопственост на „Nike“, како одговор на инвазијата на Москва врз Украина.

Во четвртокот, тој им се придружи на другите големи западни брендови, како „McDonald’s“ и „Google“, како потврда дека целосно ќе ја напушти земјата.

Странските компании кои сакаат да ја напуштат Русија поради војната во Украина се соочуваат со изгледите дека во наредните недели ќе бидат донесени нови закони кои ќе и овозможат на Москва да заплени имот и да наметне кривични казни. Ова поттикна некои компании да го забрзаат нивното заминување.

„Nike“ донесе одлука да го напушти рускиот пазар. Наш приоритет е да обезбедиме целосна поддршка на нашите вработени додека одговорно го намалуваме нашиот бизнис во наредните месеци – се вели во соопштението на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП