24 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИЗа да се појави на берза, компанија преку блокчејн собра 3,65 милијарди...

За да се појави на берза, компанија преку блокчејн собра 3,65 милијарди долари

„Roxe Holding“, компанијата која се занимава со плаќања поврзани со блокчејн технологијата, наскоро ќе излезе на берза со спојување од 3,65 милијарди долари со „Goldenstone Acquisition“, според извори запознаени со работењето на компанијата.

Овој договор привлекува посебно внимание поради неповолната ситуација која моментално владее на пазарот на криптовалути, чија вредност постојано опаѓа. Во исто време, инвеститорите го губат интересот за компаниите кои излегуваат на берзата преку аквизиции за посебна намена (SPAC) поради разочарувачките приноси од таквите инвестиции.

Ниту еден од инвеститорите на „Roxe“ не планира да го продаде својот удел, велат изворите.

„Goldenstone“ собра 57,5 ​​милиони долари во март оваа година, што е далеку под вредноста на договорот, според „The Business Times“.

Инвеститорите на „Roxe“ ќе имаат право на заработка за дополнителни акции во комбинираната компанија доколку се постигне целната цена на акциите, велат изворите, додавајќи дека веста за договорот треба да биде објавена деновиве.

Основана во 2019-та година, „Roxe“ поврзува банки, компании за исплата и трансфер на пари, овозможувајќи меѓународни плаќања во токени поддржани од блокчејн технологија. Оваа компанија не користи криптовалути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП