19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУделот на „Frasers Group“ во „Hugo Boss“ достигна 900 милиони евра

Уделот на „Frasers Group“ во „Hugo Boss“ достигна 900 милиони евра

Групацијата „Frasers“ на Мајк Ешли во средата соопшти дека ја зголемила својата максимална изложеност кон „Hugo Boss“ на 937 милиони долари и ја повтори својата поддршка за стратегијата на германскиот моден бренд и нејзиниот менаџмент, пренесува „Reuters“.

„Frasers“, чие поранешно име е „Sports Direct“, има за цел да се пресели во полуксузниот сегмент на пазарот. Компанијата соопшти дека моментално поседува 4,9% од акциите на „Hugo Boss“ директно и уште 26% од акциите индиректно преку опции за продажба.

Британскиот трговец на спортска опрема рече дека максималната вкупна изложеност на нејзиниот удел е околу 900 милиони евра.

„Frasers“ се здоби со удел во „Hugo Boss“ за прв пат во 2020-та година и постојано ја истакнува својата поддршка за менаџментот.

„Оваа инвестиција ја одразува вербата на „Frasers Group“ во брендот, стратегијата и менаџерскиот тим на „Hugo Boss“. Компанијата продолжува да биде поддржувачки акционер и создава вредност во интерес и на акционерите и на „Frasers Group“ и на „Hugo Boss“, велат од „Frasers“

„Hugo Boss“ е снабдувач на синџирите „House of Fraser“ и „Flannels“ на групацијата.

Акциите на „Frasers“ останаа непроменети при последното тргување, додека оние на „Hugo Boss“ паднаа за 0,5%.

Ешли се повлече од функцијата извршен директор на „Frasers“ минатиот месец. Тој останува извршен директор и поседува 69% од акциите.

Него на функцијата извршен директор го наследи неговиот зет Мајкл Мареј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП