28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ и проширувањето: Што може да очекува Западен Балкан од самитот во...

ЕУ и проширувањето: Што може да очекува Западен Балкан од самитот во Брисел

Во Брисел денеска почнува дводневниот самит ЕУ-Западен Балкан, на кој средба ќе одржат лидерите на Европската унија и шесте партнери од Западен Балкан, на која, според претходните изјави и извештаите на медиумите, треба да се одреди европскиот пат и судбината на некои од земјите.

Состанокот треба да започне во 9:30 часот, а потоа околу пладне ќе има обраќање на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Инаку, шефовите на држави и влади на ЕУ, по разговорите со лидерите од регионот, во вториот дел од денот го одржуваат својот одвоен дводневен самит.

Фокусот ќе биде ставен на одлуката за доделување кандидатски статус на Украина, Молдавија и Грузија, како и плановите за создавање европска политичка заедница, за која ќе одлучуваат 27-те земји-членки на ЕУ.

Што се однесува до Босна и Херцеговина, одлуката за доделување кандидатски статус не е на повидок, што значи дека нема да напредува во таа насока.

Словенија побара на Босна и Херцеговина да и се додели кандидатски статус за членство во Европската унија без одлагање, поддржан од Унгарија и Полска.

Во пресрет на денешниот состанок, неколку претставници на граѓанското општество од регионот упатија апел до владите на земјите од ЕУ, како и до САД и НАТО, дека приклучувањето на Западен Балкан е геополитичка и геостратешка неизбежност со оглед на постојаните претензии на Русија за дестабилизирање на тој дел од европски континент, пренесуваат медиумите во регионот.

Иако претходно најавија бојкот на самитот, лидерите на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе присуствуваат на самитот за да разговараат за напредокот на нивните земји кон европската интеграција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП