понеделник, 27 јуни 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Доктор пропаст“ даде прогноза: Најавува стагфлација во САД

„Доктор пропаст“ даде прогноза: Најавува стагфлација во САД

Економистот Нуриел Рубини, познат по своите песимистички прогнози, предвидува дека американската економија ќе влезе во рецесија до крајот на оваа година.

Потоа, таа рецесија брзо ќе се претвори во стагфлација.

Прекарот на Рубини е „Doctor Doom“ бидејќи успешно предвидувал големи кризи, како онаа од 2008 година. Кога неколку години пред таа криза го презентираше своето сценарио за иднината, многумина мислеа дека претерува, но се покажа дека е во право.

Овој пат тој предвидува големо забавување на американската економија, поради повеќе фактори, меѓу кои пандемијата на коронавирус која се уште е присутна, војната во Украина, политиката на Кина против Ковид-19, која предизвикува недостиг низ светот итн.

„Сè уште не сме во рецесија, но сме многу блиску до неа. Сите важни економски показатели опаѓаат, од довербата на клиентите, малопродажбата, производните активности, до продажбата на недвижности“, рече Рубини.

Оваа ситуација, вели тој, може да доведе до стагфлација како што се гледа во 1970-тите во САД. Во тоа време економијата растеше многу бавно, за разлика од инфлацијата која беше висока. „Отежувачка околност во однос на кризата од седумдесеттите е што сега имаме спирала на долгови“, тврди Рубини. Ова е нов терен за централните банки, бидејќи тие се уште не биле во таква ситуација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП