19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБауш: Во услови кога со ребалансот се обезбедуваат повисоки плати само...

Бауш: Во услови кога со ребалансот се обезбедуваат повисоки плати само за една категорија работници, нормално е да има штрајк

Генералниот штрајк не е најсоодветно решение, но во ситуација кога имате ребаланс на буџет, со кој само една категорија работници добиваат повисоки плати, во тој случај е нормално да го има, сметаат дел од експертската јавност. Велат раст на плати треба да има, но во моментов економијата е толку слаба, што не може да го обезбеди тоа, а од друга страна секој месец имаме се повисоки стапки на инфлација.

-Владата постојано зборуваше за еднаквост на платите и за нивно зголемување. Но, се случи зголемување на минималната плата која дојде во момент кога сме целосно неподготвени, односно во период кога се трудиме да ги ублажиме последиците од пандемијата, економската, енергетската и сега воената криза. Но, и во време кога имаме потпишување на колективни договори во повеќе сектори. Се направи ребаланс на буџет со кој само на еден гранков синдикат во образование им покачувате 15 проценти плата, но за другите нема пари. Во таков случај е нoрмално другите категории да протестираат, вели за”Денар” професорот Абил Бауш.

Се надева дека Владата и ССМ повторно ќе седнат да разговараат, затоа што сите зависиме од таа  администрација.

-Со ребаласот не е предвидено дека би имало покачување на платите, но има проекција во која во буџетот е гарантирано дека би имало покачување на платите во јавната администрација. Тактизирање би имало околу процентот, за колку, но и како би се одвивало тоа. Значи сигурно ќе има преговори и ќе се дојде до некое компромисно решение, а тоа решение според мене би било сигурно скалесто покачување на платите и додатоци за К-15, додава Бауш.

Јавниот сектор од денеска е во генерален штрајк. Стартуваше со поставување на 120 столчиња пред Собранието, каде синдикалците ги повторија и своите барања. Одлуката за штрајк беше донесена откако по неколку средби Владата и синдикатите не успеаа да постигнат договор, за линераното зголемување на платите во јавниот сектор од 2.800 денари и исплата на  К – 15. Од ССМ посочија дека покачувањето им било ветено дека ќе го добијат со ребалансот на буџетот, но со него е предвидено само зголемување на платите во образованието. Додека трае генералниот штрајк,  јавниот сектор ќе функционира со 10 отсто од вработените за да може да им се одговори на барањата на граѓаните.

Од Владата пак велат дека се подготвува нов закон за плати во јавниот сектор, со кој очекуваат системски да се решат сите проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП