25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИлон Маск е на чекор од преземање на Твитер

Илон Маск е на чекор од преземање на Твитер

Илон Маск е чекор поблиску до конечното преземање на Твитер.

Одборот на директори на гигантот им препорача на неговите акционери да гласаат за предложената продажба од 44 милијарди долари, според регулаторниот поднесок, пишува Business Insider.

Одборот на директори едногласно одлучи дека договорот за спојување е препорачлив и дека спојувањето и другите трансакции предвидени во договорот за спојување се праведни, препорачливи и во најдобар интерес за Твитер и неговите акционери.

Твитер се уште не одредил датум за гласање. Business Insider објави дека Маск понудил 54,2 долари по акција во април за да ја преземе компанијата.

Сепак, акциите оттогаш потонаа заедно со остатокот од технолошкиот пазар. Минатиот петок тргувањето со акциите на Твитер заврши со цена од 38 долари, што е за 34 отсто под понудата на Маск.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, на Економскиот форум во Катар изјави дека се уште има неколку „нерешени прашања“ во врска со Твитер и дека се уште чека информации за тоа колку ботови има на платформата на таа социјална мрежа.

Во интервју за „Блумберг“ на економскиот форум во Доха, Маск рече дека не мисли дека ќе има некакви проблеми во балансирањето на интересите на „Тесла“ во Кина и идното купување на Твитер.

„Твитер не функционира во таа земја, а Кина не се обидува да се меша во слободата на говорот во американските медиуми, колку што знам“, изјави тој, пренесоа агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП