27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАYahoo! го претстави своето ново лого

Yahoo! го претстави своето ново лого

yahoo1

Компанијата „Yahoo“ официјално го претстави своето ново лого ова утро. На новото заштитно лого останаа контурите од старото лого, старата боја, како и на сите познатиот „!“. Ова е првата позначајна промена во брендирањето на „Yahoo“ од 1995 година.

„Ние сме многу возбудени што можеме да го споделиме со вас нашето ново логo. Тоа ќе започне да се појавува на сајтот во ноќта помеѓу среда и четврток и наскоро насекаде ќе биде виливо“, изјави Кети Савит, директор на маркетинг секторот во „Yahoo“.

„Сакавме лого кое ќе им остане верно на нашите почетоци, но и лого кое ќе ја усвои еволуцијата на нашите производи“.

Извршниот директор на „Yahoo“ Мариса Маер на својот блог изјави „Сакавме ново лого кое ќе го претстави „Yahoo“ на вистински начин – како одлучна, но и софистицирана компанија. Сакавме логото да биде модерно но и поинакво, но истовремено да ја почитува и нашата историја. Горда сум на него“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП