25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕвропскиот пазар на телефони го бележи својот најлош прв квартал од 2013-та

Европскиот пазар на телефони го бележи својот најлош прв квартал од 2013-та

Според аналитичката компанија „Counterpoint Research“, европскиот пазар на телефони го забележа најлошиот прв квартал во последните речиси десет години.

Пазарот забележа пад од 12% во однос на последните три месеци од претходната година. Беа испорачани само 49 милиони телефони, што доведе до тоа да биде најлошиот прв квартал од 2013-та година. Само еден од Топ 5 брендовите порасна – „Realme“ го удвои својот удел на пазарот.

„Samsung“ остана на врвот на производителите кога станува збор за Европа. Сепак, јужнокорејската компанија забележа пад на испораките за 16% во споредба со првиот квартал од минатата година.

Од друга страна, „Apple“ имаше процентуално подобар резултат во однос на истиот период лани, но затоа и компанијата од Купертино имаше послаба испорака, со пад од шест проценти.

Се наведува дека на ваквите пазарни резултати влијаеле повеќе фактори – залихите на компоненти се сè уште ниски, а тоа дополнително се влоши со повторното заклучување во Кина поради пандемијата на Ковид-19. Тука е и зголемена инфлација поради конфликтот во Украина.

Аналитичарите сметаат дека ситуацијата ќе биде уште полоша во текот на вториот квартал. Конфликтот во Украина ја намалува достапноста на суровини, додека земјите во Европа бележат нагло зголемување на трошоците за живот и се помалку луѓе се одлучуваат да купат нов телефон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП