19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБитката меѓу „Airbus“ и „Boeing“ продолжува

Битката меѓу „Airbus“ и „Boeing“ продолжува

Месечните податоци на двете најголеми авионски структури „Airbus“ и „Boeing“ за мај покажуваат дека европскиот гигант сѐ уште е пред американскиот конкурент по нарачки од почетокот на годинава и постигнал поголем обем во своето производство, информира „ДПА“.

Од почетокот на годинава, „Airbus“ испорача 237 авиони за цивилни летови, додека во истиот сегмент „Boeing“ заостанува со само 165 авиони.

Сепак, „Boeing“ се надева дека наскоро ќе добие одобрение за да продолжи со испораките на својот „787 Dreamliner“, што би можело да започне да ја коригира оваа нерамнотежа.

Споредувањето на резултатите на двете компании е тешко, бидејќи „Boeing“ ги отстранува од својата листа на нарачки сите претходни продажби кои станаа „неизвесни“ и веројатно нема да бидат исполнети. „Airbus“ не ги објавува овие информации на својата листа на нарачки.

Нарачките на „Boeing“ во мај вклучуваа однапред најавена набавка од германската авиокомпанија „Lufthansa“ на седум товарни авиони „777FX“, два актуелни модели „777F“ и седум „787-9“.

Нарачките на „Airbus“ за истиот месец вклучуваа четири авиони „А350-900“ за „Turkish Airlines“, како и шест „A320neo“ и два „A321neо“ за „IAG“, која е сопственик на „British Airways“. Неидентификуван клиент го нарачал и најмалиот авион во производната линија на компанијата – „А220-100“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП