четврток, 7 јули 2022
ПочетнаКОМПАНИИВиталиа е единствениот производител за здрава храна со оцена А на престижниот...

Виталиа е единствениот производител за здрава храна со оцена А на престижниот BRC сертификат за квалитет

Кога велиме дека сакаме „квалитетна храна“, најчесто мислиме на нешто што ќе не’ засити и наполни со енергија, а истовремено ќе биде доволно вкусно за да сакаме да го јадеме повторно. А сепак, во прехранбената индустрија постојат сосем различни очекувања и дефиниции на што е тоа „квалитетна храна“, која доаѓа од квалитетни производители.

Глобалните стандарди за квалитет постојат за да гарантираат дека одредени производители или добавувачи се придржуваат до претходно поставените критериуми, со кои се обезбедува квалитетот на производот. Македонската компанија за здрава храна Виталиа веќе со години ги исполнува дури и највисоките светски стандарди за квалитет, за што се доказ и повеќето награди, сертификати и признанија кои ги добива.

Истовремено, Виталиа е првата компанија за производство на здрава храна во Македонија која го има добиено престижниот сертификат BRC.

BRC сертификатот го поседуваат само одговорни компании, кои се придржуваат кон високите, интернационални стандарди предвидени од Британскиот конзорциум за малопродажба, како што се глобалните корпорации Tesco и Walmart. Со цел да се усогласат со овие стандарди, компаниите кои работат во секторот за храна (производители) мора да исполнат повеќе критериуми во процесот на производство. Овие критериуми вклучуваат: HACCP анализа на опасностите и систем за управување со критични контролни точки, процедури за заштита на животната средина и околината, утврдување на влијанието на околината врз процесот на производство, процес на контрола и компетентност на персоналот, имплементирање стандарди за хигиена на процесот и вработените, контрола на добавувачите на суровини, контрола на пакување и означување согласно законските прописи во и надвор од Македонија, заштита од контаминација на продуктот, редовно одржување на опремата за работа…

При оценувањето на Виталиа, BRC ѝ ја додели високата оцена „А“ која гарантира дека компанијата го „поминува тестот“ по сите предвидени критериуми.

BRC е еден од двата „клучни“ стандарди кои се одобрени од Глобалната иницијатива за безбедност на храната (GFSI), покрај стандардот IFS (International Food Standard), кој практично се смета за негов еквивалент. Двата стандарди ја гарантираат безбедноста и квалитетот на производот во прехрамбената индустрија. Со добивањето на сертификатот BRC и IFS, производителот дава до знаење дека поседува високо ниво на компетентност за следење и постојано подобрување на квалитетот и безбедноста на производот и дека ги презел сите можни мерки на претпазливост за да спречи проблеми доколку квалитетот и безбедноста некогаш бидат предизвикани.

Виталиа е истовремено единствената компанија – производител на здрава храна во Македонија која веќе со години успешно ги има двата сертификата BRC и IFS, основа за градење на доверба кај клиентите и потрошувачите. Како резултат на тоа, компанијата во континуитет бележи успешен раст на извозот преку освојување на нови клиенти ширум светот.

Токму од оваа причина, глобалните стандарди за квалитет и сертификатите кои произлегуваат од нив се потребни за да се постави „почетна точка“, но и цел, односно крајна точка за статусот на производот.

Македонската компанија Виталиа се придржува до својата заложба да произведува безбедни производи, по светски стандарди. Така, се заштитуваат потрошувачите, преку поставување на повисоки очекувања од целата индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП