четврток, 7 јули 2022
ПочетнаКОМПАНИИНово истражување на Македонски Телеком за дигитална зрелост на малите и средни...

Ново истражување на Македонски Телеком за дигитална зрелост на малите и средни компании

Зголемување во однос на минатата година – 34% од компаниите во земјава се дигитално зрели

И оваа година, Македонски Телеком, во соработка со ИПСОС, спроведе истражување за дигиталната зрелост на македонските компании. Целта на истражувањето е да се добие увид во дигиталната подготвеност на компаниите во Македонија, да се разберат навиките и потребите за користење дигитални алатки, но и да се поттикнат малите и средни бизниси успешно и побрзо да се дигитализираат.

И во 2022 година, истражувањето беше спроведено врз репрезентативен примерок од 500 компании. Главниот фокус е насочен кон компаниите со помалку од 250 вработени, како значаен двигател на економијата со најголемо присуство на македонскиот пазар.

Еден од главните заклучоци е дека 34 % од компаниите имаат висок индекс на дигитализација, што е зголемување во однос на минатата година кога оваа бројка изнесуваше 28%.

„Сите оние компании коишто порано почнаа да користат дигитални алатки веќе бележат раст и развој. Денес не треба да дискутираме дали ни е потребна дигиталната трансформација, туку како и кога ќе ја спроведеме. Македонски Телеком е посветен парнер за дигитализација и освен дигиталните алатки и сертификати нуди и сигурност и одржливост на подолг рок, како и највисоки системи на заштита. Посветени сме да бидеме двигател и поттик за целосна дигитализација на бизинисите, а со тоа и развој на целата економија.“ – изјави Гоце Митевски, Главен комерцијален директор за деловни корисници.

Генерален заклучок од истражувањето е дека компаниите во Македонија, посебно малите со 1-9 вработени, ги согледале придобивките на дигиталниот маркетинг и дигиталната комуникација, а се забележува и статистички значаен пораст на релевантните алатки: веб комуникација, дигитална продажба на производи/ услуги (е-трговија), спонзорирани реклами и други форми на дигитален маркетинг, софтвер за контрола и оптимизација на процеси, CRM/ ERP.

И покрај позитивниот тренд на дигитална трансформација на компаниите, сè уште сме на почетокот и се очекува сè повеќе мали и средни компании да користат дигитални алатки во наредниот период.

Повеќе за истражувањето можете да најдете на следниот линк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП