3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШолц: Ќе направиме се за техничките нарушувања да не го загрозат снабдувањето...

Шолц: Ќе направиме се за техничките нарушувања да не го загрозат снабдувањето со гас

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека неговата влада ќе се погрижи да ги елиминира техничките проблеми кои би можеле да го ограничат снабдувањето со гас преку гасоводот Северен тек.

„Во моментов се соочуваме со намалување на количината на гас што се испорачува за Германија и другите западноевропски земји, поради технички проблеми. Тоа може да биде случајност, но не мора да биде. Ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата и ќе направиме се што можеме за да се осигураме дека не постои технички причини за овие ограничувања“, изјави Шолц за германската агенција ДПА, пренесува ТАСС.

„Газпром“ во вторникот најави дека мора да ги намали количините на природен гас што се испорачува преку гасоводот „Северен тек“, бидејќи некои гасни пумпи на Сименс не се вратија навреме од поправката од Канада, која воведе санкции кон Русија.

Сименс ги поправа овие пумпи само во својата фабрика во Канада.

„Газпром“ во моментов користи само 40 отсто од капацитетот на гасоводот „Северен тек“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП