25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Revlon“ побара правна заштита од кредиторите

„Revlon“ побара правна заштита од кредиторите

Козметичката компанија „Revlon Inc“ поднесе тужба против доверителите откако не успеа да се избори со пазарот во последните години со нови брендови наменети за онлајн трговија.

Производителот на лакови и кармини, под контрола на компанијата на милијардерот Рон Перлман „MacAndrews & Forbes“, објави пред судот во Њујорк дека има имот и обврски од 1 до 10 милијарди долари, пренесе „Reuters“.

Изјавата доаѓа неколку дена откако „Wall Street Journal“ објави дека „Revlon“ започнал преговори со кредиторите пред претстојните рокови на доспевање за да избегне стечајна постапка.

Производителот на козметика се бореше со продажбата во услови на проблеми со снабдувањето и неможноста брзо да се префрли на побараната козметика, отстапувајќи им место на стартапите поддржани од познати личности како „Kylie Cosmetics“ на Кајли Џенер и „Fenty Beauty“ на Риана.

За споредба, конкурентот „Coty Inc“ успеа да го зголеми својот удел на пазарот со големи инвестиции во подобрување на понудата и задоволување на растечката побарувачка на производи по пандемијата, како маскара и кармин.

„Revlon“, предводен од ќерката на Перлман, Дебра Перлман од средината на 2018-та година, имаше долгорочни обврски од 3,31 милијарди долари заклучно со 31-ви март.

Основана во 1932-ра година, „Revlon“ беше продадена на „MacAndrews & Forbes“ во 1985-та година и стана јавна компанија 11 години подоцна. Компанијата ја купи Елизабет Арден во договор од 870 милиони американски долари во 2016-та година за да го зајакне својот бизнис за нега на кожа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП