16 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ115. ден војна во Украина: Жестоките борби продолжуваат; Џонсон: Ќе и обезбедиме...

115. ден војна во Украина: Жестоките борби продолжуваат; Џонсон: Ќе и обезбедиме на Украина стратешка отпорност

Европската комисија препорача Украина да стане кандидат за членство во Европската унија, а рускиот претседател вели дека нема ништо против тоа. Борис Џонсон во петокот беше во Киев, од каде вети дека Британија ќе обезбеди „стратешка издржливост“ на Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург изјави дека Русија има право да ги признае републиките во Донбас според Повелбата на Обединетите нации. Тој ја наведе самопрогласената независност на Косово како пример за преседан.

Путин истакна и дека Русија нема ништо против Украина да влезе во Европската унија. Имено, вчера претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека телото на Европската унија препорача Украина да стане кандидат за членство во ЕУ.

„Европската унија не е воена организација или воено-политички блок, за разлика од НАТО. Секогаш сме зборувале и секогаш ќе кажам дека нашиот став е многу јасен по ова прашање. Немаме ништо против влезот на Украина“, рече Путин.

Британскиот премиер Борис Џонсон во петокот го посети Киев, каде вети дека Велика Британија ќе обезбеди „стратешка издржливост“ на Украина.

Џонсон, исто така, изјави дека Велика Британија ќе работи со Украина на започнување на извоз на жито преку Црното Море.

Украина на 1 јули ќе го укине безвизниот режим за Русите, па од тој датум ќе бара од нив да добијат визи за влез во земјата.

Руската армија ја исчисти од мини плажата во Мариупол

Руската армија ја исчисти од мини плажата во селото Пешани во Мариупол, изјави денеска командантот на поморската база Новоросијск, контраадмиралот Виктор Кочемазов.

Руските трупи навлегуваат подлабоко во регионот на Доњецк

Русија во последните 48 часа прави напори да ја обнови офанзивата и да напредува јужно од украинскиот град Изиум, на истокот на земјата, соопшти денеска Министерството за одбрана на Велика Британија.

Русите објавија снимка од двајца заробени Американци

Руските медиуми објавија фотографии и снимки на кои се гледаат, како што велат, двајца заробени американски државјани кои се бореле на украинска страна, што може да биде прва официјална потврда дека „американското дуо“ е во заробеништво.

Антонов: Испраќање оружје во Киев е пат кон конфликт меѓу САД и Русија

Испраќањето оружје во Украина е пат кон конфликт меѓу Русија и САД, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов, пренесува ТАС С.

Москва: Околу 200 платеници од Балканот отидоа во Украина, 74 загинаа

Од почетокот на војната во Украина пристигнале 204 странски платеници од Западен Балкан, од кои 74 загинале, 79 се уште се на бојното поле, а 51 ја напуштиле Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

Украина доби заем од 733 милиони долари од Канада

Украинското Министерство за финансии соопшти дека Украина добила заем од Канада во износ од 733 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП