24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Qatar Airways“ со рекордна добивка пред Светското првенство

„Qatar Airways“ со рекордна добивка пред Светското првенство

Една од најголемите авиокомпании на Блискиот Исток, „Qatar Airways“, објави рекорден профит од 1,5 милијарди долари за минатата фискална година и пред Светското првенство, што ќе се одржи во ноември-декември во земјата.

Приходите на компанијата изнесуваат 14,4 милијарди долари, што е зголемување од 78 отсто во однос на претходната фискална година.

Бројката на превезени патници изнесува 18,5 милиони или скок од 20 отсто.

Податоците се добри вести за компанијата, која забележа нето загуба од 4 1 милијарди долари во претходниот циклус поради пандемијата на коронавирус и „слетувањето“ на Ербас А380 и А330.

Компанијата беше поддржана од катарската влада со 3 милијарди долари за време на најлошите месеци од пандемијата за да продолжи да лета.

Сепак, „Qatar Airways“ тврди дека сегашниот профит е резултат на одлуките донесени за време на пандемијата за проширување на мрежата на патнички и карго дестинации што ги опслужува компанијата, точната прогноза за закрепнување на пазарот по пандемијата и строгата контрола на трошоците.

Авиокомпанијата „Qatar Airways“ лета до 140 градови речиси ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП