4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Lego“ гради нова фабрика во САД вредна 1 милијарда долари

„Lego“ гради нова фабрика во САД вредна 1 милијарда долари

Производителот на играчки „Lego Group“ најави дека ќе инвестира повеќе од 1 милијарда долари во изградба на нова фабрика во американската сојузна држава Вирџинија која ќе биде целосно јаглеродно неутрална.

Компанијата со седиште во Данска соопшти дека изградбата на објектот од 158.000 квадратни метри во округот Честерфилд, Вирџинија, во близина на Ричмонд, ќе започне оваа есен. Производството на играчки се очекува да започне во втората половина на 2025-та година.

Во новата фабрика на „Lego“ ќе бидат вработени повеќе од 1.700 работници за обликување, обработка и пакување на пластични блокови, пишува „Marketwatch“.

Компанијата соопшти дека 100% од енергетските потреби на централата ќе бидат покриени со соларен парк на лице место и дека централата ќе биде дизајнирана да ја минимизира потрошувачката на енергија.

„Локацијата во Вирџинија ни овозможува да изградиме соларен парк кој ги поддржува нашите амбиции за одржливост и овозможува лесно поврзување со транспортните мрежи низ целата земја“, рече извршниот директор на „Lego“, Нилс Кристијансен.

Според компанијата, локацијата на фабриката ќе помогне да се намали транспортот на нејзините производи на некои од нејзините најголеми пазари и да и овозможи на компанијата да ја задоволи променливата побарувачка на потрошувачите и да го намали својот јаглероден отпечаток.

Фабриката во Вирџинија ќе биде втора фабрика за „Lego“ во Северна и Јужна Америка по онаа во Монтереј, Мексико. Ова ќе биде седми производствен капацитет на компанијата во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП