27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовиот предводник на „Huawei“ пристигнува наесен

Новиот предводник на „Huawei“ пристигнува наесен

Следниот водечки уред на „Huawei“ треба да се појави пред публиката наскоро, во текот на август или септември оваа година, барем според информациите што ги пренесува порталот „Gizchina“. Ова би се совпаднало со очекуваните датуми за лансирање на новите предводници на „Apple“, што јасно покажува дека „Huawei“ воопшто не ги намалил своите апетити.

Покрај „Huawei Mate 50“, новиот водечки телефон на „Honor“ треба да се појави пред публика речиси во исто време. Според г-дин Шигуан, директор на фабриката каде што се склопуваат овие телефони, „Овие уреди ќе донесат иновативни хардверски карактеристики и многу важни софтверски функционалности кои вреди да се чекаат“.

Според досега достапните информации на порталот „Weibo“, „Huawei Mate 50“ требаше да се појави пред публиката во текот на јули оваа година. Сепак, доцнењето се должи на непознати причини, најверојатно поради актуелните проблеми со производството на чипови во Кина.

Според сегашните информации, „Huawei Mate 50“ треба да работи со 4G верзија на мобилниот процесор Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1. Интересно е тоа што овој уред треба да доаѓа со 5G маска за телефон што ќе му овозможи да има 5G конекција. За што точно се работи?

Во средината на мај оваа година беше објавена 5G маската за „Huawei P50 Pro“. Како што е веќе познато, „Huаwei“ нема право да инсталира чип 5G во своите телефони. Сепак, таквата маска ги заобиколува таквите ограничувања. Се што треба да направите е да го ставите телефонот во оваа маска и ќе добиете 5G можности. Едноставно и ефективно. Оваа маска треба да биде во продажба за „Huawei P50 Pro“ oд овој месец, па публиката за прв пат ќе види како сето тоа функционира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП