18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција повеќе не добива руски гас: Снабдувањето е прекинато поради намалените испораки...

Франција повеќе не добива руски гас: Снабдувањето е прекинато поради намалените испораки за Германија

Испораките на руски гас за Франција беа прекинати на 15 јуни, соопшти денеска француската компанија за транспорт на гас ГРТГаз, откако рускиот енергетски гигант Газпром неделава предупреди дека нагло ќе ги намали испораките во Европа, пренесе агенцијата Франс прес.

-Франција повеќе не добива руски гас од гасоводот. Протоците на гас меѓу Франција и Германија преку Обергејлбах се прекинати поради намалените испораки од Русија, се наведува.

Во моментов, испораките на гас за Австрија, Германија и Италија се намалени и веќе се суспендирани во Бугарија и Чешка.

Газпром во вторникот објави дека мора да го намали снабдувањето со природен гас преку гасоводот Северен тек поради ненавременото враќање на пумпните единици од редовното одржување во Сименс, Германија и идентификувани дефекти на моторот.

Претходно, Европската комисија предложи посебен план за Европската унија, чија цел е постепено намалување на зависноста од руските енергетски испораки. Планот предвидува преориентација кон алтернативни добавувачи, зголемување на уделот на обновливите извори на енергија и режим на заштеда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП