28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„TotalEnergies“ создава „гигант на зелен водород“

„TotalEnergies“ создава „гигант на зелен водород“

Француската нафтена групација „TotalEnergies“ потпиша договор со најголемиот индиски приватен енергетски и инфраструктурен конгломерат, „Adani Enterprises Limited“, за купување на 25 отсто од акциите. Ова се наведува во коминике на компанијата, цитирано од францускиот весник „Capital“.

Целта на зделката е да се произведат 1 милион тони зелен водород до 2030-та година, а двете компании не дадоа детали за финансиските параметри на договорот.

Индиската компанија, која ќе го реализира проектот, ќе започне со производство на зелен водород за домашниот пазар.

„Нашиот удел во „Adani Enterprises Limited“ е важна пресвртница во имплементацијата на нашата стратегија за ниска потрошувачка на јаглерод за декарбонизација на целиот водород што се користи во нашите европски рафинерии до 2030-та година“, рече Патрик Пујане, извршен директор на „TotalEnergies“.

Претседателот на индиската компанија Гаутам Адани го поздрави партнерството, кое е во согласност со амбициите на групацијата да стане најголем играч на пазарот на зелен водород во светот.

Во меѓувреме, Катар го избра францускиот гигант како клучен партнер во развојот на најголемото наоѓалиште на природен гас во светот и на крајот да ги смири стравовите на Европа во енергетскиот сектор.

„Задоволство ми е да го објавам изборот на „TotalEnergies“ како главен партнер во проектот „North Field East““, изјави катарскиот министер за енергија Саад Шерида Ал-Каби на прес-конференција во Доха во неделата.

„„TotalEnergies“ ќе се здобие со 6,25 отсто од акциите во проектот како дел од заедничко вложување со „QatarEnergy““, рече Патрик Пујане во Доха.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП