25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Audi“ го потврди отфрлањето на два модели

„Audi“ го потврди отфрлањето на два модели

Германскиот производител „Audi“ ќе лансира нова генерација на „А3“ и тоа ќе биде автомобил на почетната класа на компанијата. Тоа значи дека актуелниот супермини „А1“, како и малиот кросовер „Q2“ заминуваат во историјата и марката приоритет ќе им даде на големите и луксузни модели.

Намерите на производителот од Инголштад ги објави неговиот извршен директор Маркус Дуизман. Во интервју за „Drive“, тој рече дека неговата компанија има големи планови за „А3“, бидејќи тоа ќе биде „влезно ниво“ за брендот. Уште повеќе, „A3“ ќе стане цело семејство на различни модели.

Кои точно ќе бидат тие, Дуизман не прецизираше. Затоа, не е јасно дали се работи само за „Sportback“ и седан верзиите и (или) еден од двата типа на каросерија ќе се комбинираат со „Q3“. „Audi“ сигурно ќе продолжи да нуди кросовер, бидејќи неодамна прикажаниот „Cupra Terramar“ ќе се произведува во истата фабрика во Ѓер, Унгарија.

Шефот на „Audi“ не навлезе во детали за насоката во која ќе се движи „А3“, но најлогично е да се претпостави дека ќе стане електричен автомобил. Компанијата веќе најави дека во 2025-та година ќе го лансира својот најнов модел со мотор со внатрешно согорување. Сегашната четврта генерација на „A3“ излезе во 2020-та година и треба да остане најмалку до 2027-ма година. А тогаш сите нови модели на марката ќе бидат само на електричен погон.

Во исто време, сегашниот „А3“ ќе претрпи фејслифт, кој ќе се случи во 2024-та година и ќе ги вклучи спортските модели „S3“ и „RS3“. Моторот со 5 цилиндри, кој повеќе не ги исполнува еколошките стандарди, ќе биде исфрлен од палетата на мотори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП