26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„H&M“ изненади со поголеми приходи од очекуваните

„H&M“ изненади со поголеми приходи од очекуваните

Вториот по големина моден трговец во светот, „H&M“, забележа раст на продажбата поголем од очекуваниот во трите месеци од март, придружувајќи му се на својот главен ривал, „Inditex“, кој забележа закрепнување на побарувачката по пандемијата.

Нето-продажбите се зголемија за 17% на годишно ниво, или 12% во локални валути, на 54,5 милијарди круни (5,4 милијарди долари) во вториот фискален квартал, објави шведската компанија во средата.

Аналитичарите анкетирани од „Refinitiv“ прогнозираа просечна продажба од 52,8 милијарди круни.

Оваа сума сè уште е под претпандемискиот втор квартал од 2019-та година за „H&M“, кога достигна 57,4 милијарди круни.

„Иако не е толку извонреден како минатонеделниот на „Inditex“, „H&M“ исто така денес потврдува дека процесот на повторно отворање во Европа доведе до силни услови за побарувачка во последните недели“, напишаа аналитичарите на „Jefferies“, кои го оценија „чување“ на акциите на компанијата, во коментар до клиентите.

„Инвеститорите ќе сакаат подобро да разберат до кој степен закрепнувањето на цената го неутрализира растечкиот притисок од суровините и трошоците за обновување“, велат тие.

Акциите на „H&M“ утрово паднаа за 2,5%, што е пад од 25% во оваа година.

„Иако подобрувањата на приходите се охрабрувачки, ние сме загрижени дека силата на трендовите на летната облека може да биде краткотрајна бидејќи потрошувачкото опкружување слабее“, им рекоа аналитичарите на „JPMorgan“ на клиентите.

„Забележуваме дека скандинавскиот продавач на спортски производи „XXL“ предупреди на добивка во вториот квартал вчера (вторник) навечер, по предупредувањето минатата недела од онлајн трговецот на мода „Boozt“, при што и двете компании го наведуваат опаѓачкото расположение на потрошувачите.

„H&M“, кој треба да го објави целосниот квартален извештај на 29-ти јуни, не ги коментираше податоците.

Во март, „H&M“, чиј бизнис е главно во Европа, забележа зголемување на цените оваа година кога објави квартална заработка под очекуваното во услови на високи трошоци за суровини и транспорт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП