29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Coinbase“ намалува 18% од својот персонал

„Coinbase“ намалува 18% од својот персонал

Берзата за размена на криптовалути „Coinbase Global Inc.“ објави дека намалува 18% од својот персонал, што е нов знак на кризата со криптовалутите, која збриша трилиони од вкупната пазарна вредност на монетите.

Најголемата американска платформа за тргување со дигитални средства ги следи стапките на другите бизниси во секторот, кои неодамна најавија намалување на персоналот, вклучително и „Gemini Trust Co.“ и доверителот „BlockFi Inc“. Двете компании го наведоа доаѓањето на криптозима, долг период на пад на цените, како причина за намалувањата.

„Coinbase“ вработуваше агресивно во последниве години, со 1.200 вработени во оваа година. Компанијата планира да намали приближно исто толку луѓе, завршувајќи го кварталот со околу 5.000 вработени. Таа беше остро критикувана на почетокот на овој месец, откако вработените во најмалку десетина големи финансиски компании ги напуштија своите работни места на „Wall Street“, за да ѝ се придружат, но таа потоа ги повлече своите понуди за работа.

Во почетокот на мај, „Coinbase“ објави помали од очекуваните приходи за првиот квартал и предупреди дека обемот на тргување и месечните трансакции во вториот квартал се очекува да бидат пониски од предвидените.

Отпуштањата веројатно беа изненадување за многу вработени: извршниот директор Брајан Армстон рече дека вработените ќе бидат известени за нивната лична одлука преку е-пошта и нивниот пристап до мрежата на компанијата ќе биде прекинат бидејќи имаат пристап до чувствителни кориснички информации.

Акциите на „Coinbase“ паднаа за 0,8 отсто во вторникот на 51,58 долари на Њујоршката берза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП