четврток, 7 јули 2022
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОва е новиот гејмерски телефон - „Black Shark 5 Pro“ (ВИДЕО)

Ова е новиот гејмерски телефон – „Black Shark 5 Pro“ (ВИДЕО)

„Black Shark“ го претстави својот најнов премиум телефон за игри. Тоа е „Black Shark 5 Pro“, кој има навистина одлични карактеристики.

Телефонот работи со нов процесор Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1, има до 16 GB брза LPDDR5 меморија и до 256 GB простор за складирање UFS 3.1. За полнење на уредот е задолжен адаптерот Hyper Charge од 120 W, кој ја полни батеријата од 4.650 mAh за 15 минути.

Секако, премиум гејмерскиот телефон не може без екстремно брз екран, со висока стапка на освежување, која во овој случај е 144Hz. Дисплејот е од типот AMOLED, со поддршка HDR10 + и максимална осветленост од 1300 nits.

„Black Shark 5 Pro“ се лади преку нов систем за водено ладење „anti-gravity Dual VC“, за да може да се обезбедат „брзини надвор од границите на гравитацијата“.

Тука е и магнетниот „pop-up“ активирач, систем со три камери со главен сензор од 108 MP, додека софтверската поддршка ја обезбедуваат JoyUI 13 и Shark Space со фокус на игрите. Телефонот има и одлични звучници, со поддршка за звук со Hi-Res.

Што се однесува до цените, „Black Shark 5 Pro“ има почетна цена од 799 долари за варијантата од 8 GB + 128 GB, над 899 долари во верзијата од 12 GB + 256 GB, сè до 999 долари за верзијата со 16 GB + 256 GB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП