29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто ќе донесат новите тарифни модели, разумно трошење на електричната енергија или...

Што ќе донесат новите тарифни модели, разумно трошење на електричната енергија или „изгор високи“ сметки за струја?!

Кој колку ќе троши толку и ќе плати, само тие што ќе трошат недомаќиски ќе платат по повисоки тарифи. Ова е една од дефинициите која во последниве неколку дена се почесто се слуша во јавноста.

Станува збор за новите тарифни модели кои се подготвуваат во Регулаторната комисија за енергетика. Веќе се оддржаа две јавни дебати. Експертите, професори од областа на енергетиката кои беа задолжени за изработка на новите правила ги презентираа пред јавноста. Ќе мора да се оддржат уште неколку такви собири бидејќи се уште има нејаснотии, дел од засегнатите страни имаат различни предлози, а дел не се согласуваат со предлог тарифите. Како и да е, овие нови тарифни блокови имаат за цел оптимално користење на стујата во време на оваа енергетска криза.

Засега, по двете јавни дебати за тарифните модели ќе треба да се реши дали ќе има три или четири нивоа на потрошувачка на електрична енергија. Експертите се поделени и секој со свој аргумент. Збунувачки за граѓаните е и тоа што првичните пресметки се правени со цени на електричната енергија која важи од јануари годинава па до крајот на овој месец. Тоа им даде за право на експертите да објават дека на тој начин на дури 80 отсто од домаќинствата сметките ќе им беа пониски, но сега кога е се поизвесно дека цената на струјата ќе расте, експертите велат дека тарифите помалку ќе ја зголемат цената за тие што подомаќински ја користат.

„Предлозите засега не се дефинитивни, границите дали ќе бидат 210, 420 или 630, влијаат и на цените. Ако ги извадите цените, па од јавните расправи и дискусиите излезат некои други нивоа на блоковите ќе настане тотален хаос. Ао цените со кои е правена анализата, или ако цената во ниска тарифа е единица, цената во четвртиот блок ќе биде шест пати поголема само енергија ако гледате во сметките, а ако гледате енергија и мрежарина три пати. Сегашниот однос на цени, помеѓу ниска и висока е еден наспроти два. Засега не ги кажуваме апсолутните броки, но еве пластично. Ако имате потрошено 421 киловат час, плаќате 210 по цена за прв блок, од 210 до 420 уште 201 по цена за втор блок, еден киловат ќе ви остане за во трет блок и тој еден ќе го платите по цената за третиот блок“, вели професорот Рубин Талески.

Дел од експертите ги советуваат граѓаните во никој случај да не се откажуваат од климите, инверторите и останатите грејни тела на струја бидејќи е поисплатливо од греењето на дрва. Дополнително, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски за Денар тврди дека во зимските месеци кога потрошувачката е многу поголема граѓаните ќе имаат намалени сметки за струја.

„Поентата на воведување на блок тарифите е да се испрати сигнал до потрошувачите кои што многу трошат. Тие треба да ја намалат својата потрошувачка, и да инвестираат во енергетски ефикасни уреди и начини на греење со електрична енергија. Додека во летните месеци кај 92 отсто од потрошувачите ќе имаме намалени за електрична енергија.“

Новите тарифни модели се очекува да бидат готови со новата цена на електричната енергија за домаќинствата. Регулаторот ги прави последните пресметки и анализи во однос на трошоците на енергетските компании. ЕСМ има обврска да понуди цена и количество на електрична енергија на тендерот на ЕВН Хоум до 24 овој месец, од што најмногу зависи крајната цена за домаќинствата.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП