2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi Sport Quattro Concept

Audi Sport Quattro Concept

audi koncept

„Audi“ на јавноста и го претстави концептот „Sport Quattro“, пред дебито на овој модел на авто-саемот во Франкфурт. „Audi Sport Quattro“ за прв пат е претставен во 1984-та година и е вратен во живот кон крајот на 2010-та година со концепт кој не се појави во сериско производство.

Сега оваа компанија повторно го враќа во живот овој концепт. Обоен во светло жолта боја, „Ѕport Quattro“ е еволуција во однос на претходниот концепт и поседува слична предна маска и редизајнирани задни светла обединети со тенка црвена лента.

audi koncept1

„Audi“ го задржа доводот за воздух од десната страна на поклопецот на моторот и одлучи да ги редизајнира алуминиумските тркала, но и да ја зголеми величината на двете издувни цевки. Рачките на вратите сега се обоени во иста боја како и каросеријата, додека предниот браник доби поголеми отвори за воздух.

Исто така можеме да ги забележиме и големите „LED“ светла, 21-инчните алуминиумски тркала на кои се поставени пневматици со димензија 285/30 R21, заден спојлер, како и керамички дискови на сопирачките.

audi koncept2

Крилата и вратите се изработени од алуминиум, заедно со покривот кој е направен до јаглеродни влакна, исто како и хаубата и капакот на багажникот. Масата на возилото е 1850kg, додека должината на концептот изнесува 4602mm, ширината 1964mm, а висината 1386mm, со 2784mm меѓуосовинско растојание.

„Audi Sport Quattro“ го карактеризира хибриден погон кој вкупно развива 700ks и 800Nm вртежен момент. Тоа е доволно возилото да забрза од 0 дo 100km/h за само 3.7 секунди и да достигне максимална брзина од 305km/h.

audi koncept3

Само на електрична енергија возилото може да помине 50km, додека просечната потрошувачка на гориво на овој модел изнесува 2.5L/100km со емисија на CO2 oд 59g/km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП