25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Credit Suisse“ пред трета последователна квартална загуба

„Credit Suisse“ пред трета последователна квартална загуба

„Credit Suisse“, која е погодена од кризата, е на пат да пријави трета последователна квартална загуба. Влијанието на тешкото пазарно опкружување, заедно со постојано ниското ниво на емисија на нов капитал и проширувањето на кредитните распони, влијаеше врз финансиските перформанси на инвестициската банка во април и мај, објави најголемата швајцарска банка.

Ова најверојатно ќе доведе до загуба за оваа единица и загуба за групацијата во вториот квартал од 2022-ра година, соопшти „Credit Suisse“, цитирана од „Reuters“.

Во пресрет на втората половина од годината, доверителот потврди дека 2022-ра година ќе биде година на транзиција.

„Со оглед на економското и пазарното опкружување, ги забрзуваме нашите иницијативи за намалување на трошоците низ групата за да ги максимизираме заштедите од 2023-та година наваму“, се вели во соопштението.

Банката ќе објави детали на настан за инвеститорите на 28-ми јуни, велат тие. Компанијата нема намера да ја менува својата стратегија. На краток рок, „Credit Suisse“ има намера да работи со коефициент на „Common Equity Tier 1“ (CET1) од околу 13,5%. До 2024-та година, банката сè уште цели кон стапка на фиксен капитал од над 14%.

Минатата недела „Reuters“ цитираше внатрешни извори кои велат дека банката разгледува мерки за зајакнување на нејзиниот капитал. Една од опциите е зголемување на капиталот. Во првиот квартал банката веќе пријави загуба од 273 милиони швајцарски франци, а во трите месеци претходно – дефицит од 2,1 милијарди швајцарски франци.

Пазарните услови беа тешки во вториот квартал од 2022-ра година, соопшти „Credit Suisse“. Руската инвазија на Украина, значителното заострување на монетарната политика од страна на големите централни банки и истекот на стимулативните мерки поврзани со коронавирусот доведоа до зголемена нестабилност на пазарот, слаб проток на клиенти и континуирано намалување на кредитирањето на клиентите. Ова особено важи за азиско-пацифичкиот регион, објаснуваат од инвестициската банка.

Дополнително, на резултатот влијаеше и континуираната нестабилност на пазарната вредност на инвестицијата во берзанската платформа „Allfunds Group“, од која банката има 8,6%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП