15 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ107. ден војна во Украина: Украинските сили „се држат“ во битките за...

107. ден војна во Украина: Украинските сили „се држат“ во битките за клучните градови во Донбас, вели Зеленски

Украина „се држи“ во битките за клучните градови на фронтот во Донбас, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски, пренесува британски Гардијан.

Давајќи брзо ажурирање на ситуацијата во Донбас при неговото последно обраќање до нацијата, Зеленски рече: Ситуацијата на фронтот денес е без значајни промени. Северодонецк, Лисичанск и другите градови на Донбас, кои окупаторите сега ги сметаат за клучни цели, се држат.

Тој додаде дека украинските сили направиле позитивни чекори во регионот на Запорожје и Харков и дека се во процес на „ослободување на нашата земја“.

-Напредуваме во областа Запорожје, каде што успеваме да ги осуетиме плановите на окупаторот. Постепено одиме напред во регионот Харков, ослободувајќи ја нашата земја. Одбраната ја одржуваме во правец на Николаев, додаде тој.

Украински воен разузнавач: Речиси немаме повеќе оружје, сега се зависи од Западот

Заменик-шефот на украинската воена разузнавачка служба во интервју за Гардијан изјави дека Украина губи од Русија на линијата на фронтот и дека сега речиси исклучиво се потпира на оружје од Запад за да ја држи Русија подалеку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП