Најважниот фестивал во ТВ индустрија во овој дел на Европа кој што ги собира професионалците од цел свет, НЕМ Дубровник, ја угости компанијата Телеком Србија, која што во Македонија е присутна преку телекомуникацискиот оператор Мтел, како најголем производител на сериска содржина во регионот. Телеком Србија во рамките на главната програма на фестивалот, ја претстави својата продукција со краток преглед на осум најпопуларни авторски серии, а посетителите на фестивалот имаа можност да ги погледнат и премиерите на новата играна серија на оваа компанија насловена „Златен дечко“ („Zlatni dečko“) чија филмска верзија веќе постигна одличен успех во Србија, како и серијата „Прошетка со лав“ (,Šetnja sa lavom“), современа приказна која што носи своевидно освежување на малите екрани.
„Телеком Србија за кусо време стана најголем произведувач на ТВ содржини во регионот, и на тој начин внесе големи промени во филмската и сериската продукција во Србија и околните земји. Нашата амбиција е со квалитетна и разновидна понуда да станеме регионален лидер во доменот на мултимедиумите и да продолжиме со успешна интернационализација на нашите серии ширум светот промовирајќи го Балканот како плодна почва за производство на квалитетна содржина“, изјави генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ.


