19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУште еден гигант ја напушта Русија

Уште еден гигант ја напушта Русија

Американската технолошка компанија „IBM“ објави дека планира да се повлече од рускиот пазар поради конфликтот во Украина.

„Да бидеме појасни: го прекинавме целиот бизнис во Русија“, рече извршниот директор на „IBM“ Арвинд Кришна во изјавата.

На руската веб-страница на компанијата во вторникот беше објавена порака: „Оваа содржина повеќе не е достапна“.

На почетокот на март, „IBM“ објави суспензија на комерцијалните активности во Русија, со суспензија на продажбата на софтвер и соработка со руски одбранбени компании. Сепак, американската компанија соопшти дека ќе продолжи да дава основна поддршка за најпогодените области.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП