16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд 22-ри ќе штрајкува: полицијата, војската, просветните и здравствените работници, вработените во...

Од 22-ри ќе штрајкува: полицијата, војската, просветните и здравствените работници, вработените во комуналните претпријатија и општините!

Синдикалците на големо се подготвуваат за штрајкот во јавниот сектор. Планот е јавните службеници и вработените во државните и општински фирми да не ги извршуваат своите работни задачи на 22 јуни како знак на револт поради неисполнувањето на нивните барања. Сојузот на синдикати бара повисоки плати и исплата на регрес за годишен одмор. Владата и покрај тоа што им подаде рака на синдикалците и им вети повисоки плати по усвојувањето на ребалансот, сега по се изгледа дека се пишмани. Вработените во јавниот сектор велат дека нема да ги трпат повеќе овие манипулации на власта.

Во понеделникот ССМ објави дека Претседателството на најголемото синдикално здружение донесе одлука за стапување во генерален штарјк на 22ри овој месец. Веќе следниот ден синдикалците за Денар велат дека ги известиле сите засегнати страни дека нема да се откажат од намерата на своите работни места да протестираат и да ја парализираат работата на јавниот сектор.

„Писмени најави за штрајк со одлука за повикување и поведување на штрајк испратени се до Владата, Собранието, Заедницата на единиците на локалните самоуправи и Министерството за труд и социјална политика“, велат од ССМ.

Повратен одговор во овие два дена синдикалците велат дека не добиле. Но, и каков одговор да им биде вратен од овие институции во кои ќе нема решение за нивните барања, ништо нема да промени. Намалениот животен стандард и високата стапка на инфлација ги принудува вработените во јавниот сектор да штрајкуваат се со цел да издејствуваат подобрување на условите за живот. Според информациите, на 22ри во штрајк ќе стапи полицијата, војската, вработените во секторот образование, комуналните претпријатија, здравствените работници, службениците во локалните самоуправи.

„Да се потпише општиот колективен договор со кој ќе се утврди линеарно зголемување од 2806 денари за сите работници во јавниот сектор и враќање на изгубеното право – регрес од 2023 година во износ од 30 до 100 отсто од просечната плата во државата. Доколку ова не се случи до 21ви јуни следниот ден или на 22 јуни онаму каде што ССМ е синдикално организиран ќе ги повика сите работници, како членови, така сите незадоволни вработени да ги прекинат нивните работни процеси на своите работни места и да изразат едно големо незадоволство или како ние што велиме, да направиме Генерален штрајк“, дададоа од ССМ.

Синдикалците велат дека штрајкот нема да заврши за еден ден, туку ќе трае се до исполнување на нивните барања. Револтот е уште поголем што тие добија ветување и си подадоа рака со властите дека пари за повисоки плати ќе се обезбедат со ребалансот, а сега од истите министери слушаат како не биле надлежни за нивната пороблематика. Ден пред одлуката за стапување на генерален штрајк преставниците на работниците беа повикани во владината зграда на Илинденска, се со цел да ги премислат и да ги смират тензиите на јавните службеници. Но наместо конкретен договор, од ССМ рекоа дека добиле штур прелог за нова методологија која ќе ги пресметува висините на платите, а кога конкретно вработените ќе добијат „денар плус“ тоа никој не можел да го потврди.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП